Со своја реакција за актуелната политичка состојба излезе и поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски.
– Претседателот Иванов по втор пат го погазува Уставот на Македонија,македонската и европската демократска пракса. Уставот е недвосмислено јасен, тој мора да го даде мандатот на оние партии кои обезбедиле мнозинство. Во спротивно тој ризикува да ја воведе Македонија во мегународна изолација, да ги запали етничките страсти и да ја суспрендира демократијата.
-Доколку новата влада на СДСМ носи непринципиелни и неуставни закони постои Уставен суд кој ке ги поништува иститите. А народот веќе во мај на локалните избори со историски пораз ке ги казни.
-ВМРО-ДПМНЕ не смее да ги сруши сите мостови кон албанските политички партии, не смее да стане непријател на земјите од евроатланската заедница. Не смее да си игра со стабилноста и безбедноста на земјата. По никоја цена не треба да ги одложува локалните избори има шанса за голем триумф како прв чекор кон новото демократско враќање на власт, вели Георгиевски.