ГАЛЕРИЈА: Протест против загадувањето предводен од учениците

Од холовите во училиштата на протест со здружението „Зелена револуција“, средношколците побараа итно спроведување на мерките против загадувањето, кои владата прифати да ги спроведе, а беа предложени на претходниот протест.

Протестот предводен од учениците почна од пред Министерството за животна средина, а продолжи кон Собранието и заврши пред Владата со неколку говори од насобраните.

„Сакаме да дишеме“, „Нема воздух нема мир“, „Воздух или смрт“, „Уа Профитери“, „Здравјето пред профитот“ и „Бараме мерки“ беа паролите кои граѓаните ги скандираа движејќи се низ улиците во Скопје.

Учениците и порачаа на власта дека секојдневно ќе ги потсетуваат властите дека имаат должност кон граѓаните која не е исполнета.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e