ФРОДЕМ: Толку од „фер” играта на Груевски

Соопштение на ФРОДЕМ:

Не поминаа ниту 12 часа од постигнувањето на договор за избори, Груевски го покажа своето вистинско лице и неговото сфаќање за ,,фер и демократски” избори. По којзнае кој пат го прекрши договореното.

По денешното експресна одлука за избор на нов министер за внатрешни работи и разрешувањето на директорите за јавна безбедност и безбедност и контраразузнавање и назначување на партиски послушници на нивно место дополнително го партизираа ова министерство.

На повидок е дуализам во управувањето со Министерството за внатрешни работи на Република Македонија. Паднаа во вода заложбите за имплементација на итните реформски приоритети и препораките од Извештајот на Прибе договорени со последниот Анкес на Договорот од Пржино.

Со ова Груевски и фамилијата повторно удрија шамар на сопствените граѓани, но и на меѓународата заедница која е гарант на договореното. Стравот го стори своето. Најбитен е спасот на сопствената кожа. Се останато е споредна работа.

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e