(ФОТО) Зошто Гордана Силјановска Давкова има три различни датуми на раѓање во три различни биографии?

Повеќе медиуми објавија биографски податоци за Гордана Силјановска – Давкова, дека била родена во Охрид на 11 мај 1955 година. Такви податоци се содржани и во одредницата во „Македонска енциклопедија“, а и во одредниците на Википедија.

Но, според официјалните податоци во собранието, Гордана не е Силјановска, туку „Сиљановска“, не е родена во 1955, туку роденa е на 11.5.1953 година во Охрид.

Дополнителна забуна во однос на датумот на раѓање на Сиљановска – Давкова внесуваат нејзините биографски податоци од Советот на Европа, како поранешен член на Венецијанската комисија. Во биографските податоци за професорката Гордана Силјановска Давкова стои дека била родена на 8 мај 1960, не во Охрид, туку во Скопје.

Зошто Гордана Силјановска Давкова дала три различни денови на раѓање во три различни биографии? Кои податоци за нејзиното раѓање се точни – на страницата во Собранието, во „Македонска енциклопедија“, или пак на страницата на Советот на Европа?

Извор: 24info.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e