(Фото) СЈО од денеска работи во новите простории

Спцијалното јавно обвинителство од денеска и официјално ќе ги продолжи истрагите за случаите поврзани со незаконското прислушување во новите простории на улицата Франклин Рузвелт.

Утрово пред новата зграда на СЈО забележително е засилено полициско обезбедување, што не беше карактеристично за канцелариите на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов.

 Во фоајето на објектот забележлива е фрекфенција на луѓе вработени во СЈО, а пред зградата стои паркиран полициски џип „лендровер дифендер“ и неколку полициски службеници.

Полицијата засега дозволува фотографирање само од другата страна на улицата.

Нема информации дали денеска во новите простории ќе дојдат лица повикани од СЈО во врска со случаите што ги води ова обвинителство.

Извор  Мета

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e