(ФОТО) Ова е „опел омегата“ со која според обвинителството се превезувале извршителите на петкратното убиство кај Смилковско

Во моментот во склад во близина на Миладиновци, судиите од Кривичен суд, Огнен Ставрев и Осман Шабани, како и обвинителите од СЈО, Фатиме Фетами и Гаврил Бубевски, вршат увид на автомобилот „опел омега“.

Овој автомобил за прв пат имаше можност да го види и јавноста, со што конечно се разреши дилемата дали овој автомобил постои. Со свои очи автомобилот го видоа и обвинетите за петкратниот масакар што се случи на 12 април 2012 година.

Според обвинителниот акт, во автомобилот се превезувале извршителите на петкратното убиство што се случи кај Смилковско езеро.

41539670_537258990042605_6558581795917398016_n 41499508_379787055893623_1662302392529453056_n-696x522 41494541_297115034424079_4453185769401483264_n

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e