ФОТО: Грчкиот министер за надворешни работи во официјална посета на Скопје

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендиас денеска е во официјална посета на Северна Македонија. Тој прво одржува средба со неговиот македонски колега, Никола Димитров. По билатералната средба на Дендиас и Димротв, предвиден е и состанок на македонкото и грчкото МНР, по што двајцата министри ќе одржат прес конференција.

Освен со Димитров, грчкиот министер за надворешни работи ќе се сретне и со премиерот Зоран Заев и претседателот Стево Пендаровски.

Пред доаѓањето, Дендиас рече дека доаѓа во земја сојузник во НАТО и со поддршка за Северна Македонија што побрзо да ги почне преговорите за влез во ЕУ. Неговото доаѓање е прва официјална посета на член на грчката влада откако по изборите, неговата матична партија Нова Демократија ја порази СИРИЗА на Алексис Ципрас и формираше влада.

Фото: Стандард.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e