ФК Шкендија: Благодарност до вицепремиерот Пешевски кој редовно ги следи нашите натпревари

– На натпреварот вчера присуствуваа и опозицискиот лидер Зоран Заев и вицепремиерот Владимир Пешевски. Посебна благодарност до Пешевски кој редовно ги следи нашите натпревари. Имаше покана и за претседателот на државата Ѓорѓе Иванов и за актуелниот премиер Емил Димитриев и сите се добредојдени. Што повеќе да направи Шкендија? Зошто секогаш сме мета на политички поени? Ве молам, 5 Македонци ми играат во клубот, генералниот секретар е Македонец, ако Шкендија е националистички клуб не знам кој. Имало скандирања на натпревари и против Албанците и против Македонците, што треба да се прави, ние да се занимаваме и со ситуацијата на трибините, вели за НОВА директорот на клубот Ибраим Рамадани.

Инаку денес, провладините медиуми цел ден објавуваат прилози во кои акцентот е ставен на присуството на натпреварот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев и го опишуваат тоа како предавнички чин, додека ниту збор нема за тоа дека и вицепремиерот Владимир Пешевски заедно со неговиот син ги бодреле фудбалерите на Шкендија од трибините.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e