Финансиска поддршка за современо земјоделство: Земјоделците ќе добијат 5,8 милиони евра за механизација

Земјоделието не е работа, туку животен стил, нема работно време, туку целосно се посветуваш за да бидеш конкуретна и квалитетна на пазарот, но и да обезбедиш егзистенција, објаснува Љубица Камшикоска, која пред осум години останала без работа и одлучила да се соочи со предизвиците на земјоделството.

На десет хектари земја, заедно со нејзиниот сопруг и децата кои се факултетски образовани, одгледуваат пченка, пченица, јачмен, пиперки и тутун. Ангажирана и тешка работа, како што вели таа, но сепак е задоволна затоа што денеска доби средства за набавка на нов трактор од Ипард 2 програмата, нова надаж и големо олеснување.

„Во земјоделието се работи постојано, 24/7. Децата имаат факултет, помагаат, но не се занимаваат со ова. Може и цел ден на нива да се остане, нема работно време“ – изјави Љубица Камшикоска, земјоделец

По детектираните слабости на  Ипард 1 програмата и поедноставување на процедурата за конкурирање за средства од Европската помош, оваа година склучени се 692 договори за набавка на трактори и како што посочи министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски оваа бројка е најголема до сега.

„Ова е рекорден број на средства преку оваа мерка, од кога постои ИПАРД програмата. Ме радува фактот што ја зголемуваме заинтересираноста и искористеноста на оваа програма од страна на земјоделците “ – рече министерот Љупчо Николовски.

Искористувањето на Ипард средствата сепак најмногу зависи од подготвеноста на институциите, земјоделците, фармерите  и органите кои треба да ја вршат контролата, посочи Вирве Вимпари, претставничка од Европската унија истакнувајќи дека со овие средства се унапредува земјоделството.

„Ние сме партнери во ИПАРД имплементацијата и ќе продолжиме да ви даваме поддршка се со цел фармерите да имаат можност да пристапат до овие  60 милиони евра кои се програмирани за периодот 2014/20 година“ – изјави Вимпари.

Вкупната подршка за набавки на трактори од Ипард 2 е 5,8 милиони евра, 4,3 милиони се европски пари, а 1,4 милиони се средства од националното финансирање.

Примерот на Камшикоска е еден од успешните, но на терен сеуште има предизвици за земјоделците.

Извор: 24ТВ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e