Филипче: Заев во изминатите три години донесе низа тешки, но целосно исправни одлуки со кои ја обезбедивме иднината за нашата земја

Премиерот Зоран Заев во изминатите три години донесе низа тешки, но целосно исправни одлуки со кои ја обезбедивме иднината за нашата земја, напиша министерот за здравство Венко Филипче на своите профили на социјалните мрежи.

„Тоа што тој и тимот го постигнаа во сите досегашни преговори, како и напредокот кој го направивме во ЕУ интеграциите се за најголема почит.

Мора да продолжиме по овој пат и мудро да градиме пријателства штитјеќи ги нашите интереси и напредувајќи кон Европската унија. Досегашните политики на отвореност и дијалог решија децениски спорови и така мора да продолжиме“, напиша Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e