Филипче во интервју за „Слободен печат“: Вакцинирањето против Ковид-19 ќе биде бесплатно

Ние се уште не знаеме која ќе биде цената за вакцината, но дефинитивно државата ќе издвои буџет и вакцинирањето ќе биде бесплатно. Имаме два механизми во овој момент за набавка. Едниот е Ковакс механизмот, преку СЗО и Алијансата за имунизација, вели министерот за здравство, доктор Венко Филипче, во интервју за ,,Слободен печат”.

Тој ја оценува состојбата со пандемијата со коронавирусот во земјава како стабилна, поради тоа што не се оптоварени болничките капацитети и поради тоа што неколку недели по ред, процентот на новозаразени е околу 7%. Сепак, здравствениот систем стратешки се подготвува за евентуално лоши есенски сценарија иницирани од комбинацијата на пациенти со грип и на оние со ковид, а можни се и рестриктивни мерки во одредени региони доколку тоа е потребно.

До крајот на октомври ќе бидат готови и 16 модуларни болници, таканаречени ,,ковид центри” ширум земјата, во непосредна близина на актуелните болнички капацитети. Вакцината од Оксфорд во земјава ќе стигне преку партнерство и соработка со Полска и ќе биде бесплатна.

-Ние се уште не знаеме која ќе биде цената за вакцината, но дефинитивно државата ќе издвои буџет и вакцинирањето ќе биде бесплатно. Имаме два механизми во овој момент за набавка. Едниот е Ковакс механизмот, преку СЗО и Алијансата за имунизација. Потпишавме писмо на намери и овој механизам им овозможува на земјите рамноправно да им бидат распределени вакцините според бројот на населението тогаш кога ќе излезат на пазарот, од секој последователен производител. Во меѓувреме, добивме и понуда од полската амбасада, за што сакам да му изразам благодарност на амбасадорот на Полска во нашата земја. Земјите членки на Европската Унија потпишаа билатерални договори со компанијата која работи на оксфордската вакцина ,,Астра зенека”. Добивме понуда Полска да набави соодветна количина и за нас, заради тоа што нема да имаме можност за билатерален договор. Таков е пристапот. Дефинитивно, со два механизми обезбедуваме дека вакцината ќе биде достапна и за нашите граѓани, бесплатно.  – потенцираше Филипче во интервјуто.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e