Филипче: Во болницата „8-ми Септември“ почина и кумановец позитивен на Ковид-19

Министерот Венко Филипче информираше за уште едно починато лице, покрај 63-годишниот маж од Лабуништа. Станува збор за лице од Куманово кое што починало во болницата 8-ми септември во Скопје.

„Почина лице од Лабуништа на 63-годишна возраст, донесено на Инфективната клиника со тешка клиничка слика, и уште едно лице од Куманово кое почина во болницата 8-ми септември“, рече Филипче.

Со тоа бројот на смртни случаи се искачи на 19 лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e