Филипче: Спремни сме да се справиме со секаков предизвик како реална закана со појавата на корона вирусот

Во вечерашното гостување на Министерот за здравство Венко Филипче во дебатната емисија Отворено на ТВ 24, министерот уверува дека здравствениот систем е апсолутно спремен да се справи со секаков предизвик кој се наметнува како реална закана со појавата на корона вирусот во опкружувањето на нашата држава.

Воедно одговара на денешните реакции зошто одредени инфективни одделенија од други градови се избрани како центри при евентуалното справување со можната закана, на што Министерот објаснува:

“Има таква реакција за нешто што се третира слично на грип и се лечи во некоја институција, што би било различно од ова заболување.

Ако е изолација и карантин ќе се пратат соодветните протоколи.

Што се однесува до експертизата за лекување и респираторните машини тие се сега во апсолутно сосема доволен број на Клиниката за инфективни болести.

Таму се изолирани боксови, таму и сега во одредени случаи се лекуваат случаи кои што треба да се излоираат од останатите.

Трите инфективни одделенија во Гостивар, Велес  и Штип се одбрани затоа што се физички одвоени зградите, па полесно се чуваат пациентите  доколку треба изолација или карантин, има сосем доволен број на кревети, на медицински персонал.

Секогаш може медицинскиот персонал – инфектолози, доколку треба, да ротираат согласно потребите.

Сè е наша автентична организација.

Мислам дека сме апсолуно спремни да се справиме со секаков предизвик!” – уверува министерот Филипче.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e