Филипче: Реализирани над 30 проекти во изминативе 2 години

Министерот за здравство Венко Филипче денеска ја посети Општата болница во Кавадарци.

– Во изминативе две години спроведени се повеќе од 30-тина проекти во оваа установа, со што е значително зголемено нивото на здравствена заштита на нашите пациенти и воедно е остварена примарната цел за приближување на медицината до крајните корисници, информираше министерот Филипче.

Тој додаде дека е извршено комплетно реновирање и опремување на детското одделение со капацитет од 16 болнички легла, а во моментов во тек е и целосна реконструкција и најсовремено опремување на нов тракт на интерно одделение со капацитет од 16 болнички легла кое ќе добие сосема нов лик.

– Бројот на медицински услуги во овој период е зголемен за над 40 отсто споредено со претходниот период и истото се должи на сите реализирани активности во простор, опрема и кадар во Општата болница со проширена дејност Кавадарци, истакна д-р Диме Коцев, директор на кавадаречката болница.

Од Министерството за здравство соопштија дека изминатиот период реализирани се и реконструктивни зафати како што се изградба и комплетно опремување нов Ургентен центар, комплетно реновирање нбиохемиска лабораторија, изградба на најсовремен гаражен центар за повеќе од шест амбулантски возила, изградба на кров на болницата, комплетно реновирање на 25 болнички тоалети, комплетно реновирање (со нови врати и прозорци) во административниот дел и болничката аптека, изградба на седум нови апартмани за болничко сместување на пациенти и престој на доктори, поставување нови електрични врати на влезовите и болничките одделенија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e