Филипче: Работиме на тоа лекарите специјалисти да имаат примања од 100.000 денари нето (ВИДЕО)

„Работиме на проекцијата за следната година, со цел да се оствари ветувањето за да еден лекар специјалист има примања од 100.000 денари во нето износ. Ова е една од мерките којашто веруваме дека ќе ги стимулира здравствените работници да што по посветено работат, да пружаат и понатаму квалитетна здравствена услуга и истата да се надградува, а ние продолжуваме и со надградување на капацитетите, на инфраструктурата“, вели денеска Венко Филипче, Претседател на Комисија за здравство на СДСМ и министер за здравство.

После реновирањето на близу десетина одделенија во следниот период ќе се реновираат и ќе се надградат стандардите на триесетина други ширум државата согласно потребите, а во соработка со асоцијациите, стручните здруженија, понатаму здруженијата на пациенти, ги надградуваме и сите програми во рамките на Министерството за здравство, се со цел да обезбедиме што поквалитетна здравствена заштита, што послесен пристап до потребната терапија, и секако што позадоволни здравствени работници, посочува тој.

Ознаки: , ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e