Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил напиша неколку препораки за патници кои користат јавен превоз:
„-Редовно мијте ги или дезинфицирајте ги рацете, особено по допир на површини во јавниот простор (држачи, рачки, копчиња)
-Покријте ја устата со марамче или превиткан лакт доколку се накашлате или кивнете
-Секогаш кога сте во можност, користете велосипед или пешачете“, посочи Филипче.