Филипче: Наместо ултраскапи кредити, ни требаат европски фондови – со нив ќе градиме болници и патишта

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во гостувањето на Сител Телевизија упати остра критика кон актуелната влада поради задолжувањето со „ултраскапи кредити“, истакнувајќи дека патот кон Европската Унија е единствениот начин за пристап до поволни неповратни средства.

Според Филипче, суштината на отворањето на европските поглавја не е само политички процес, туку пред сè економска можност за граѓаните.

„Што е целиот тој пакет којшто нас ќе ни овозможи да ги отвораме поглавјата и да ги добиеме толку посакуваните европски фондови? Тоа значи пристап до структурните фондови во Европа, коишто значат од 50 до 80 проценти грантови, неповратни средства. Тука треба да се градат училишта, болници, патишта и пруги, наместо оваа влада сега да зема ултраскапи кредити“, порача Филипче.

Тој нагласи дека блокадата на европскиот пат директно ги лишува граѓаните од европска помош, додека државата се товари со долгови чијшто товар ќе го чувствуваат идните генерации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e