Филипче на Табановце: Вакцинацијата почнува во среда

Пристигнаа 4680 од вкупно 8000 вакцини од компанијата Фајзер како поддршка од Владата на Република Србија. Во среда ја почнуваме вакцинацијата со здравствените работници во модуларната болница во Клинички центар. Упатувам благодарност за овој пријателски гест до претседателот Вучиќ. – порача денеска министерот за заздравство Венко Филипче.
Во текот на утрешниот ден ќе се заврши регуларната процедура во Агенцијата за лекови, после што сме подготвени за вакцинација.
Вакцинацијата ќе се одвива во три фази согласно утврдениот Национален план за имунизација на населението. Во првата фаза, предвидено е да се вакцинираат здравствените работници кои се во првата линија на одговор во болнички услови со висок и многу висок ризик за стекнување и пренесување на инфекција. Во оваа фаза, предвидено е да се вакцинираат и следните приоритетни групи: постари возрасни лица со висок ризик да развијат болест, компликации и смрт исход, дефинирани со ризик врз основа на возраст, лица постари од 70 години.  – рече Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e