Филипче до Мицкоски: Ајде вратете го мандатот затоа што денес со гордост го користите уставното име

Пратеникот и лидер на СДСМ Венко Филипче, денес на седницата за пратенички прашања, го повика премиерот Христијан Мицкоски да го врати мандатот затоа што иако ветувал, сепак го користи уставното име на државата.

„Велевте дека ќе го вратите мандатот ако некогаш кажете Северна. Па ајде премиере, еве сега е шанса во Собранието да го вратите мандатот. Наместо тоа, вие и вашите министри на мала врата почнавте да го користите уставното име, а некои богами и гордост го изговараат. Со ова покажавте дека вашата политика нема никаков ’рбет, но тоа го знаевме. Она што е важно да го знаат граѓаните, е дека вие господине Мицкоски го признавте успехот на целата политика на СДСМ во однос на стратешките прашања и решавањето на споровите. Секако, ниту имате доблест, ниту честитост, тоа да го признаете“ посочи Филипче.

Филипче го праша премиерот Мицкоски кој е неговиот план да ја извади државата од ќор-сокакот во која самиот тој ја заглавил, додавајќи дека Мицкоски како опозиционер бил силен противник на Договорт од Преспа а денес како премиер смета дека тој е ремек – дело. денес, благодарение на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ЕУ е подалечна од кога било.

„Вашата Влада се движи во целосно спротивен правец од ветувањата што ги дававте пред изборите. Мицкоски на власт и Мицкоски во опозиција очигледно не се познаваат, тоа се двајца целосно различни луѓе. Буквално го плукнавте секое ветување и секоја политика на која ја градевте кариерата и со која има се додворувавте на граѓаните. Господине Мицкоски, Целиот ваш политички успех се базираше на противењето на Преспанскиот договор – договор за кој тврдевте дека е национално предавство. Вие реално и немате друга политика по која би ве паметеле освен носењето на маичките со големо НЕ за Преспанскиот договор. Но, откако седнавте во премиерската фотелја, истиот договор стана „ремек-дело на дипломатијата“. Го барате како пример за други договори и од неуморен противник, станавте најгласен поддржувач. Оваа дволичност и врвно политичко лицемерие треба да се изучува во книгите за манипулација со граѓаните“ рече Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e