Филипче: Истече самоизолацијата на 200 лица поврзани со докторката од Кожно, следуваат тестирања

За сите лица коишто беа 14 дена во изолација поради поврзаност со докторката од Клиниката за кожни болести, Филипче рече дека сите ќе бидат тестирани. Станува збор за околу 200 граѓани меѓу кои стотина се колеги – лекари.

„На сите лица од Клиниката за кожни болести веќе им изминаа 14 дена во самоизолција и веќе се прави план да се тестираат со цел да се вратат на работното место. Ќе бидат тестирани во следните денови. Не може сите да се завршат во еден ден, после што ќе ги соопштиме резултатите“, истакна Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e