Филипче: Илче по десет дена лекување, здрав и расположен заминува во мал групен дом

По десетина дена лекување на Клиниката за детски болести, 11-годишниот Илче од Охрид опоравен заминува во мал групен дом. Приказната за момчето со церебрална парализа се актуелеизираше во медиумите откако на Фејсбук се споделуваа информации дека родителите го напуштиле и останал во куќа со човек кој не можел да се грижи за неговата состојба.
Ilche2Како што информираше министерот за здравство, Венко Филипче, Илче здрав и расположен си заминува во мал групен дом.

„Неговата состојба кога беше хоспитализиран беше тешка, а денеска со надеж дека Илче ќе има шанса за подобар живот го испраќаме седнат расположен за игра и насмеан да влезе во новото семејство. Огромна почит за сите здравствествени работници, тимот психолози, дефектолози, лекарите и сестрите кои цело време се грижеа за него!“, истакна Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e