Фетаи за Фактор откри каде била деновиве и го кажа својот став за „Рекет“

Согласна сум со ставовите на колегите од СЈО и стојам на ставот кој беше обелоденот минатата недела на прес конференцијата во Специјалното јавно обвинителство, вели за Фактор обвинителката Фатиме Фетаи. Таа се уште е на годишен одмор, но е во земјава, додека за време на тоа обраќање на обвинителката Ленче Ристовска била во странство.

И сега потврдува дека стои зад тие ставови и дека очекува истрагата побрзо да заврши. Дополнителни коментари СЈО заеднички ќе соопштува. Засега не се коментира настапот на Јанева од денеска.

Инаку Ристовска се обрати ден откако кога Катица Јанева даде оставка, а беа приведени и Бојан Јовановски и Зоран Милески Кичеец. Обвинителката Ристовска рече дека зборува од име на сите колеги па и на отсутните кои користеле одмори а ја спомена и Фетаи. Пред медиумите апелираше за побрзо расчистување на случајот и рече дека дејствијата на поединци не ја отсликуваат работата на сите

„Стоиме зад работата што досега е завршена, ве уверувам дека сите предмети по кои се постапува се професионално водени и не се загрозени постапките. Наш примарен интерес е зачувување на интегритетот на СЈО и секогаш сме постапувале на ниво на задачата за справување со криминалот. Внимателно го следиме сите случувања и сме подеднакво загрижени, но истовремено повикуваме да се почитува презумцијата на невиност. Сите ве уверувам дека дејствијата на поединци не ги отсликуваат сите во СЈО и не смее да ги доведат под прашање интегритетот и постапките кои се видени досега, истакна Ристовска.

Целиот текст прочитајте го на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e