Фестивал на грчкиот филм и култура 2019

Здружението за промовирање на филмската уметност и култура АРТ СИНЕМА Скопје и Меѓународниот филмски фестивал Киненова ви го најавуваат второто издание на фестивалот на грчки филм и култура 2019.

Од 24 до 28 октомври во Скопје се одржува Фестивалот на современ грчки филм и култура.

Ова е второ претставување на грчката филмска уметност во нашата земја. По организирањето на првата ревија на грчки филмови во Македонија во 2017 та година, оваа година оваа иницијатива ја прошируваме со  вклучување и на музичката уметност и тоа со ексклузивен концерт на еден од најпопуларните и најпосакувани грчки бендови.

Програмата е составена од 6 долгометражни играни и документарни филмови од најновата грчка продукција кои го отсликуваат развојот на грчката кинематографија во последните години. Сите се тематски разнолики, но сепак доминираат теми кои реферираат на актуелната стварност во Грција особено во однос на економската криза која го зафати грчкото општество последнава декада.
Фестивалот се отвора со филмот „Витез“, црна комедија на повеќекратно наградуваната грчка режисерка со европска кариера, Атина Цангари која е една од предводниците на новиот грчки филмски бран, тн. Чуден грчки бран.

Во наредните денови ќе се прикажат: „Смак“ на Елијас Деметриу; „Следна станица: Утопија„ на Апостолос Каракасис, „Нејзина работа“ на Никос Лабот; „Неправеден свет“ на Филипос Цитос и „Поликсени“ на Дора Масклавану.

Покрај уникатната можност на едно место да се погледнат повеќе нови одбрани грчки филмови, ексклузивитет на настанот е концертот на познатиот грчки музичар и текстописец Фоивос Деливоријас кој со својот бенд кој го придружува ќе изведе посебен перформанс пред скопската публика, нудејќи неповторлива изведба на филмска музика од познати грчки филмови.
Станува збор за амблемски песни, кои се дел од  Дасиновата „Фаедра“, „Ремпетико“ на Фери, Казановиот „Америка Америка“, „Јастог“ на Лантимос или од старите популарни грчки мјузикли и филмовите на Тео Ангелопулос, кои го водат слушателот на имагинарно патување во филмска индустрија, која патувала надвор од границите на Грција.

gr festival2

Фестивалот има мисија да поттикне поблиска комуникација помеѓу двете општества кои недоволно се познаваат меѓу себе.
Фестивалот е официјално поддржан од Амбасадата на Грција во Скопје.

Целта на овој културен настан е прв чекор во однос на зближувањето и запознавањето на двете земји, нашите културни сличности и разлики. Ова е начин да се види како живеат
луѓето во грција, од другата страна на границата.

Запознаен сум со фактот дека луѓето од Северна Македонија многу често одат на одмор во Грција, но сметам дека тоа е малку за овие две земји да се запознаат и здружат, бидејќи едно е кога туристички ја посетувате земјата, а друга е кога одблизу ќе го видите секојдневниот живот, обичаите и културта.

Затоа сметам дека овој филмски фестивал е добра можност за зближување и премостување на разликите меѓу двете земји. Меѓудругото би истакнал и дека филмот, односно кинематографијата ги сметам за едно цврсто и плодно тло кое би родило меѓусебно разбирање и запознавање на двата народа и сметам дека овој фестивал е добар почеток за тоа.

Во оваа насока би сакал да додадам дека многу пријатно бев изненаден кога просуствував на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола каде што гостин беше Арванитис кој доби награда „Камера 300“. На неговиот мастер клас имавме пријатно изненадување на кое присуствуваа студенти по филмска камера дојдоа од Солун во Битола за да го слушнат неговото предавање, да разменат искуства со своите колеги од Северна Македонија. И сметам дека и тоа ја покажува желбата за зближување и запознавање. Ова беше убава можност и доказ дека културата е убав простор за зближување, размена на вредности.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e