Еве што порача Трајко Вељановски по излегувањето од судот!

Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски пред неколку минути излезе од зградата на судот по краткиот распит откако попладнево беше приведен и осомничен како еден од организаторите на настаните од 27 април во Собранието. Вељаноски се повика на пратеничкиот имунитет.

– По дифолт секој што е пратеник има имунитет. Не, ве молам, 10 години сум бил претседател на Собрание, и јас да бидам организатор? Срамота – кратко изјави Вељаноски по излегувањето од судот.

Извор: Телма

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e