Еве што му одговори Заев на бугарскиот претседател Румен Радев?

Премиерот Зоран Заев денеска одговори на вчерашната изјава на бугарскиот претседател Румен Радев, кој рече дека Заев не се извинил за тоа што изјави дека Илинденското востание е македонско.

„Апелирам сите заедно да ги тргнеме политичките интереси, голиот популизам или она што навистина не предизвикува да бидеме недоволно внимателни, затоа што договорот за пријателство соработка и добрососедство го потврди тоа преку нашите потписи таму, но треба тоа да го нагуваме да го доградуваме“- изјави Заев.

Тој притоа побара политичарите, историчарите, експертите да бидат внимателни и да придонесуваат кон заедичко пријателство.

Според Заев,  Договорот за добрососедство е алатка која ги затвори отворените прашња меѓу двете земји, но тој мора да се негува и надградува. Притоа тој го повтори ставот дека не е во ред да се заборави колку Бугарија и помогнала на Македонија во ЕУ и НАТО и се бореле за неа.

Реакции во Бугарија имаше и од министерката за надворешни, Екатерина Захариева, како и бугарскиот премиер, Бојко Борисов кој рече дека ќе тие ќе одлучуваат за Македонија, а што и да кажал Заев тие ќе се сетат на тоа и дека тоа оди на негова сметка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e