Ексдиректорот на МЕПСО купил стан кој Катица Јанева не го замрзнала

Сашо Василевски, разрешениот генерален директор на МЕПСО, купил стан од фирма на осомничен во истрагата „Поштенска банка“, имот кој СЈО не побарало од судот да го замрзне.

Од преписот во скопскиот катастар до кој дојде „А1 он“ и од дополнителната проверка во електронскиот систем може да се види дека станот од 109 квадрати и пет квадрати гаража, Василевски, кој важи за близок човек до специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, го купил на 30 октомври 2018 година по цена од 80 илјади евра.

Ова се случило само 17 дена откако СЈО ја отвори истрагата за предметот „Поштенска банка“, каде што осомничен бизнисмен е токму сопственикот на фирмата „Бентон“ ДООЕЛ експорт-импорт од Гевгелија, Томе Главчев, oд каде што е купен станот. Извори од СЈО за „А1 он“ велат дека Катица Јанева кажала тој стан да не биде замрзнат, бидејќи наводно бил проблематичен. Сите решенија од СЈО се со потпис на Јанева. Од скопскиот кривичен суд рекоа дека за овие прашања може да одговори само СЈО, но и од таму одговор на прашањата досега не доставија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e