Eкс-началникот на Петтата управа Грујевски забележан покрај рибник во Кичевско

Екс-началникот на тајната полиција, Горан Грујевски кој е првообвинет во случајот „Тврдина 2“ на СЈО и е на боледување, вчера го „улови“ приватен фотоапарат во близина на рибник кај местото Долно Другово, Кичевско, дознава Макфакс.

На минатото рочиште за случајот „Тврдина 2“ оправдување за неговото отсуство достави адвокатот Петар Василев кој приложи и медицинска документација за состојбата на Грујевски. Отсуството на обвинетиот Грујевски според обвинителите на СЈО е симптоматично, бидејќи тој е забележан во кругот на МВР и затоа побараа снимки од видео-надзорот и од системот за евиденција. Одбраната пак, тврдеше дека со тоа се прави притисок врз обвинетиот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e