ЕК соопшти дека препорачала преговори со Македонија, одлуката е во рацете на Советот на ЕУ

Европската комисија соопшти денеска дека во овогодишните извештаи за Македонија и за Албанија се препорачува почнување преговори за членство во Европската унија.

– Одлуката е во рацете на Советот на ЕУ, нагласи портпарол на Комисијата.

– Ние ја завршивме нашата работа, додаде тој.

Во вторник следната недела е предвидено Советот на ЕУ да го разгледа прашањето на седница во Луксембург. Се очекува тогаш министрите да одлучат дали ЕУ ќе почне нови преговори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e