Ефтов: Менувањето на Јанушев кажува дека нешто се случува во врвот на ВМРО-ДПМНЕ

Васко Ефтов во најновата емисија “Во Центар” ја анализира врската помеѓу претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и генералниот секретар, Игор Јанушев.

Ефтов, во смената на Јанушев од позицијата прв човек на Републичкиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ, гледа незадоволство од организирање на досегашната работа на опозициската партија. Таа функција ќе ја извршува лидерот на партијата, Христијан Мицкоски.

“Помина незабележливо смената на Игор Јанушев од прв човек на Републичкиот изборен штаб. Ако ВМРО-ДПМНЕ добро работи на терен, тогаш нема никаква причина, генералниот секретар на партијата кој е прв човек на РИШ, така тивко, под завесата или под маса да биде сменет, јавноста да не биде информирана и ВМРО-ДПМНЕ да се прави дека се е во најдобар ред. Всушност, Христијан Мицкоски како да расчистува со структурата на Игор Јанушев. Структурата на Игор Јанушев е дефакто структура на Миле Јанакиевски. Менувањето на Јанушев кажува дека нешто се случува во врвот на ВМРО-ДПМНЕ. Што се случува, ќе видиме во наредниот период.”- потенцира Ефтов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e