Еден од претепаните полицајци во Шутка во тешка состојба, Спасовски вели дека немало дојава за киднапирање

Еден од двајцата полициски службеници од Полициската станица Чаир кои вчера беа повредени откако биле нападнати од група граѓани во населбата Шуто Оризари, кој се здобил со полесни повреди беше донесен во Ургентниот центар, по што беше пуштен на домашно лекување, изјави раководителот на Ургентниот центар Алберт Леши.

Тој посочи дека кај нив бил донесено уште едно лице со посериозни повреди односно со нагмечување во пределот на главата, со контузија и потрес на мозокот.

– Полицаецот имаше речиси незабележителни повреди. Цивилот мислам дека е сместен на Клиниката за неврохирургија, додека другиот полицаец кој бил посериозно повреден бил однесен во Градската општа болница „8 Септември“, додаде Леши.

Жителите на Шуто Оризари за ТВ21 рекле дека помислиле дека полицајците се киднапери на деца, и затоа ги нападнале, затоа што од претходно слушнале дека било киднапирано едно девојче.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, истакна дека МВР досега не добило никаква пријава за киднапирање на деца во ова општина.

-По претходно дадена дојава дека се случуваат наводни киднапирања на деца во општината преку Фејсбук што апсолутно досега нема таква пријава дека се случил еден таков настан и настанал овој немил инциедент, наше е да го расчистиме случајот. Очекувам многу скоро да излеземе со конкретни информации и реакција во однос луѓето кои што учествуваат во ваков настан и да го добиеме крајниот епилог на целата оваа случка во која што се повредени двајца полициски службеници – изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната прес-конференција

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e