ЕБР интервенира бидејќи се бришеле снимки на кои се гледа дека Мицкоски бил во кафеаната

Според последните информации за случката во кафеаната на ул. Боемска, единицата за брзо распоредување пристигнала на Боемска и интервенирала во ресторанот каде беше затекнат Христијан Мицкоски.  А1он дознава дека ЕБР интервенира бидејќи се бришеле снимки од надзорни камери на кои се гледа дека кафеаната работела а внатре бил Мицкоски.

Освен екипи на ЕБР присутни се и инпекторите на државниот пазарен инспекторат и началникот на СВР Скопје, Ристе Ставревски.

Претходно инспектори на ДПИ биле спречени да влезат во кафеаната бидејќи во внатрешниот дел седел претседатело на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e