Џафери: Одговорноста при евентуално бегство на Вељаноски ќе биде кај судот

Одговорноста за евентуално бегство на Трајко Вељаноски кому не му беше одземен имунитетот не може да се бара во Парламентот, туку ќе биде кај судот, рече на денешниот брифинг со новинарите претседателот на Собранието Талат Џафери.

„Одговорноста ќе биде кај Судот. Тие треба да го обезбедат присуството на сите осомничени и обвинети“, вели Џафери.

Обвинителката Вилма Русковска, откако пратениците не му го одзедоа мандатот на Вељаноски, кажа дека одговорноста за евентуалното бегство ќе биде кај пратениците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e