Џафери: Нема основ за постапка во Собранието за случајот со Павле Богоевски

По бурните реакции на социјалните мрежи за нелегалната снимка со гласот на пратеникот Павле Богоевски, новинарите побараа одговор и од кабинетот на првиот човек на законодавниот дом, Талат Џафери. Од неговиот кабинет велат дека во конкретниот случај Собранието нема основ за каква било постапка.
„Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, секогаш кога според Уставот и Деловникот на Сoбранието е должен да постапува, презема конкретни иницијативи и мерки кои се во согласност со неговата надлежност. Во овој момент нема основ за каква било постапка. ПСРСМ очекува дека надлежните институции ќе постапуваат ефикасно и целосно ќе го расчистат случајот“ – велат од кабинетот на претседателот Џафери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e