Џафери не ја стави точката на гласање, Собранието не му го одзеде пратеничкиот имунитет на Вељаноски

Претседателот на собранието Талат Џафери не ја стави на гласање единствената точка, одземање на пратеничкиот имунитет на Трајко Вељаноски. Рокот од три дена помина, по што пратеникот Трајко Вељаноски засега е слободен човек и нема да биде деновиве повикан на распит во судот, но процедурата може одново да се повтори.

Пратениците од опозициската партија ВМРО ДПМНЕ бараа процедурално, додека народните избраници броеа секунди и бараа од Џафери да го почне гласањето.

Претходно, координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ Никола Мицевски инсистираше да им се исполни паузата од еден час, бидејќи собранискиот спикер Џафери даде пауза само од 15 минути. Атмосферата во пленарната сала се вжешти откако опозициските пратеници скандираа за нивното барање.

Пратеникот Трајко Вељаноски не беше во собранието.

Тој е осомничен од обвинителство за организиран криминал и корупција дека е еден од организаторите за собраниските инциденти од 27 април 2017 година, под кривичното дело терористичко загрозување на уставниот и безбедноста. За Вељаноски обвинителството побара притвор, но неговиот распит во четвртокот не можеше да стартува поради пратеничкиот имунитет, а судот побара од собранието да се произнесе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e