Џафери – Холштајн: Приоритет на германското претседателство е отпочнување на преговори за членство на земјата во ЕУ

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска оствари средба со новоименуваната и ополномоштена амбасадорка на Германија Анке Гизеле Холштајн, на која, како што информираат од собраниската прес-служба, било порачано дека приоритет за германското претседателство е отпочнување на преговори за членство на Република Северна Македонија со ЕУ.

– Земјата направи голем исчекор во изминатите години со потпишувањето на билатералните договори со Република Грција и Република Бугарија, стана полноправна членка на НАТО и доби одлука за отпочнување преговори за членство во ЕУ, одлука која требаше одамна да се случи, нагласи Холштајн.

Сега е моментот заедно со Германија да се влезе во следната фаза од евроинтегративниот процес – одржувањето на првата меѓувладина конференција за формално отпочнување на преговорите.

– Ова е приоритет на германската канцеларка Меркел и на Амбасадата на Сојузна Република Германија во Скопје, истата треба да се одржи кон крајот на оваа година. Активностите во рамките на германското претседателство со Советот на ЕУ, кое се одржува во еден нестандарден формат, ќе бидат насочени и кон борбата против Корона вирусот и справувањето со неговите последици, особено економските штети и донесувањето на новата финансиска рамка во ЕУ, порача Холштајн, се вели во соопштението од собраниската прес-служба.

Холштајн, стои во соопштението, заклучи дека од земјата се очекува да покаже демократска зрелост во одржувањето на предвремените парламентарни избори и да продолжи по својот интегративен пат со влада која има целосен легитимитет, како и во делот на претседавање со Берлинскиот процес заедно со Република Бугарија оваа година, како можност и за понатамошно унапредување на билатералните односи меѓу двете земји.

Таа, меѓу другот, изразила и благодарност за приемот и посочила дека за неа претставува особена чест да ја претставува својата земја во Северна Република Македонија, поради одличните билатерални односи без отворени прашања и соработката во многу полиња од заемен интерес, која бележи можности за проширување и во други области во иднина.

На средбата Џафери, како што информираат од неговиот кабинет, изразил благодарност за досегашната поддршка на Сојузна Република Германија на нашите евоатлантски аспираци и иницирањето на Берлинскиот процес како модел за доближување до европските вредности, како и дека реформскиот пат го донесе полноправното членство во НАТО и одлука за отпочнување преговори за членство во ЕУ.

Тој ја поздравил и меѓуинституционалната парламентарна соработка на сите нивоа, вклучително и програмата ИПС и партнеството со Бундестагот, преку проектната развојна помош со Швајцарската конфедерација за унапредување на транспарентноста и отчетноста кон јавноста.

– Во текот на мојот мандат, напорно работев за реализација на оваа цел, а неспорен факт за тоа е посетата на повеќе од 20.000 посетители на Собранието и интензивирањето на соработката со невладините организации, Амбасадите, Мисијата на ЕУ и Канцеларијата на НАТО во Скопје, нагласи Џафери.

На средбата, меѓу другото станало збор и за одржувањето на предвремените парламентарни избори и подготовките.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e