Џафери доби внук, денеска нема продолжение на конститутивната седница

Во Собранието денеска нема да се одржи продолжението на конститутивната седница на новиот парламентарен состав што вчера ја најави претседавачот Талат Џафери.

Од Кабинетот на претседателот на Собранието информираат дека претседавачот со конститутивната седница, поради објективни семејни причини, денеска нема да го закаже продолжението на седницата и дека кога ќе имаат дополнителни информации за седницата ќе информираат. На својот фејсбук – профил тој синоќа објави дека добил внук од ќерка.

Џафери вчера изјави дека им дал задолжение на собраниските служби да подготват продолжение на конститутивната седница, но седницата не беше најавена на веб – страницата на Собранието. Рече дека, штом претседателот Стево Пендаровски ќе му го додели мандатот на Зоран Заев за формирање Влада, значи дека лидерот на СДСМ има мнозинство. За ова тој веќе ги информирал и координаторите на партиите во Парламентот.

Талат Џафери синоќа на неговиот фејсбук профил објави дека добил внук од ќерка.

– Благословени и пресреќни сме по веста дека ќерката Бесиана на свет го донесе нашиот внук, Фрашер!
Двајцата се добро, на нас е да се радуваме на убавите моменти, пишува Џафери на ФБ.

Честитки за внукот доби од лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој денеска напладне треба да го добие мандатот за составување Влада од шефот на државата Стево Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e