Владата ќе води информативна и објективна кампања за референдумот

Владата на вчерашната седница донесе одлука да спроведе кампања од јавен интерес за референдумот базирана врз принципите на објективност, транспарентност и отчетност, информираат од владината прес-служба.

Владиниот советник за евро-атлантски интеграции Бојан Маричиќ, најави дека по завршување на летните одмори кампањата ќе биде интензивирана и ќе се користат сите достапни методи, во согласност со Законот за референдум и дефинираниот јавен интерес.

Кампањата, како што информираат од владата, ќе се води согласно стандардите за јавни комуникации од интерес на јавноста и тоа релевантност, објективно и информативно комуницирање, непартиски комуникации, како и пропорционалност и рационалност.

Министерства и другите органи на државната управа, од Владата вчера беа задолжени, во рок од три дена до Министерството за финансии да достават информација за средствата коишто ги имаат на располагање, а кои би можеле да се пренаменат за кампањата за референдумот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e