Дојави за бомби во 33 основни училишта во Скопје

Во 33 основни училишта во Скопје денеска има дојави за поставени експлозивни направи.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки.

– Денеска (07.02.2023) околу 12:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на електронска адреса на 33 основни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e