Добра вест: Од полноќ поевтини горива

Со новата одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,90% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 13.03.2022 година.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 13.03.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 81,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 75,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,888 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 13.03.2023 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 39,779 ден/кг.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 13.03.2023 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 85,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 76,50 ден/лит.

Во образложението на одлуката стои:

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 3,248% или за 27,650 $/тон, кај дизелот намалувањето е во просек за 3,956% или за 32,150 $/тон, кај екстра лесното масло намалувањето е во просек за 3,804% или за 30,350 $/тон и кај мазутот намалување во просек за околу 5,692% или за 26,600 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 58,0530 ден/$ и е за околу 0,202% понизок од курсот на доларот (58,1705 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e