Доаѓа силниот циклон МАРКО – невреме во регионот, поинтензивни врнежи од дожд и од снег кај нас

Од оваа ноќ јужните предели на Европскиот Континент вклучувајќи го и Балканот ќе подпаднат под влијание на силниот циклон Марко кој се развива некаде над Италија и во следните денови ќе услови значително поврнежливо време над овој дел од Европа, врнежите локално ќе бидат и изибилни па понекаде низ земјите од регионот можни се поплавувања, во џентарот на овој циклон притисокот е премногу низок, и тоа дури 979 htp.

Локално дури ќе има услови и за појава на невреме проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни грмежи и појава на град додека на повисоките и планинските места ќе има интензивни снежни врнежи со што снежната покривка значително ќе се зголеми.

Снежни врнежи понекаде ќе има и во пониските предели низ регионот па затоа доколку патувате бидете крајно претпазливи.

Во Македонија пак уште од оваа ноќ локално ќе има послаби врнежи од дожд на ниските и од снег на повисоките места и на планините, услови за послаби врнежи од дожд и од снег или пак влажен снег ќе има понекаде и на пониските места.

Од утре пак па во следните денови под влијание на изразениот циклон Марко ќе има почести врнежи кој локално ќе бидат и поинтензивни, на ниските места ќе врне дожд додека на повисоките и планинските места ќе има врнежи од снег со што снежната покривка ќе се зголемува.

Врнежи од дожд и снег ќе има понекаде и на пониските места а ќе започне да дува и југоисточен ветер кој ќе засилува на интензитет.

Ветерот ќе го промени правецот во северен од четврток и ќе биде засилен во петок со што од север ќе се спушта постуден воздух а врнежи од снег ќе има и на пониските места.

Во текот на следниот период локално ќе наврне значително количество на воден талог (над 40 л/м2) па токму поради ова можно е покачување на нивоата на реките и на езерата во Македонија.

Во следните неколку денови максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени додека на југоисток понекаде истите е можно да се искачат малку над 10 степени.

Подготви: Славчо Попоски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e