Димковски до Трипуновски: Тутунот ќе биде во целост откупен, човек со кривична пријава за злоупотреба на службена должност ќе зборува за криминал?

Несериозно е Трипуновски да настапувате вака како човек кој 11 години беше во власт ВМРО ДПМНЕ и бил директор на Државниот инспекторат за земјоделство, да кажувате дека милион и пол килограми ориентален тутун е увезен, а немате познавање кој го преработува и зошто се увезува, му порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, на дополнителниот заменик-министер, Цветан Трипуновски, во вечерашната емисија „Економски магазин“, на телевизијата Алсат-М.

„Увозот на тутун апсолутно не влијае на откупната цена на тутунот,  второ редовно имаме околу 3.000 тони тутун тутун, а претходните години имало до 4.000 тони увоз. Треба да знаете Трипуновски дека имаме кај нас производство на домашни цигари. И тие милон и пол увезен тутун не е од нашата сорта на тутун. Имате фабрика кај нас која што затворила погон во Бугарија и го  пренесла производството кај нас и се увезол милион килограми тутун за преработка. Знаете ли дека имаме домашен бренд на цигари кој се пакува овде? Јас сум повеќе кај земјоделците отколку вие во овие 11 години. Во овие 11 години што направивте? Како се постигна откупна цена од 220 денари ако има толку увоз?. Човек со кривична пријава за злоупотреба на службена должност ќе зборува за криминал? “, порача министерот Димковски на Трипуновски.

Откупот на тутунот од реколтата 2019-та е на самиот крај, околу 98 отсто од тутунот е откупен по досега највисока просечна откупна цена од 220 денари за килограм, изјави министерот Димковски,

„Одржавме безброј состаноци со откупувачите и тутунопроизводителите. Досега се откупени над 26 милиони килограми тутун, овие количини се исплатени на тутунопроизводителите од страна од откупувачите во законскиот рок од 7 дена. Споредено со претходните години, последните три години има највисоки просечни откупни цени. Ако ги погледнеме другите параметри, извозот од тутунот е некаде 130 милиони евра. 9-те регистрирани  компании кон тутунарите исплаќаат близу 90 милиони евра и плус тука се и субвенциите од околу 30 милиони евра кои ќе се исплатат по завршувањето на откупот. Досега нема ниту една жалба до второстепената комисија за погрешна проценка на класите на тутун и тутунот ќе биде 100 процентно откупен“, изјави министерот Диковски, во вечерашната емисија „Економски магазин“, на телевизијата Алсат-М.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e