Димковски до Трипуновски: Проблемите и хаосот што го направивте во земјоделството верувам годинава ќе заврши

Ќе продолжиме да креираме политики според потребите на земјоделците, за разлика од она што ВМРО ДПМНЕ го правеше, креираа политики во кабинет и ги тераа граѓаните да се прилагодуваат на нивната политика, му порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски на дополнителниот заменик-министер, Цветан Трипуновски, во вечерашната емисија „Економски магазин“, на телевизијата Алсат-М.

„Ние го работиме спротивниот процес, работиме според потребите на земјоделците правиме измени каде што има потреба, ги исплативме парите од што винарската визба Повардарие им ги должеше на лозарите. Во 2014 година предизборно во петок исплативте 52 милиони евра  за субвенции, она што сега го работиме ние во делот а субвенциите се пренесени обврски од 2019 та година и законски рок за исплата е 30-ти јуни 2020 година. Она што се започна по хектар и грло во делот н исплата, сите поледелски, градинарски,овоштарски и лозарски култури се исплатени. Последната исплата на субвенции беше по грло говеда, следните исплати ќе бидат за грло овци, кози и свињи. Што ви е спорно Трипуновски во овие исплати?Не се должи нешто што е заостанато, зборуваме за пријавување на барања за субвенции во календарска година кои се исплаќаат во наредните шест месеци од новата буџетска година. А проблемите и хаосот што го направивте во земјоделството верувам годинава ќе заврши“,му порача министерот Димковски на Трипуновски.

Министерот Димковски посочи дека во овие три години се направија неколку промени во начинот на исплата и пристапот кон субвенциите за земјоделците. Субвенциите се механизам кој го одржува производството, развојните субвенциите односно Програмата за рурален развој е наменета за капитални инвестиции и вложувања, изјави Димковски. При тоа Димковски, потенцираше дека дефицитот во делот на земјоделско-прехранбените производи во 2019-та година споредено со 2018-та година е намален за околу 40 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e