Димитров: За македонскиот јазик и за македонскиот идентитет не може и нема да се разговара

На македонскиот народ никој не може да му каже, кои сме ние и каков јазик зборуваме, според меѓународното и европското право порача вицепремиерот за европски интеграции Никола Димитров во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

Тој истакна дека ни за 7 месеци, 7 години, 700 години нема да има влада која ќе се согласи да разговара за македонскиот јазик и за македонскиот идентитет.

За нашиот македонски јазик, Мисирков пишува уште во 1903 година, јазикот е кодификуван 1945 година, беше еден од официјалните јазици во СФРЈ, сега е во Обединетите нации и во Европската унија, рече Димитров и запраша дали е услов за пристапување во ЕУ е да имате исти погледи со други држави.

– Значи  на македонскиот народ денес никој неможе да му каже – друг народ, соседен, друга држава, трета или четврта , па и меѓународна организација кои сме  ние и каков јазик зборуваме. Тоа прашање е внатрешна работа, наша работа.  Зборувам за меѓународно право  зборувам за европско оправо, рече Димитров

Не може, вели, државата да има став за  историско прашање, за научно прашање, тоа е работа на историчарите.

– Ова е дисциплина за  науката. Целата идеја на Договорот  за пријателство беше  историјата нека ја разговраат  историчари, а дајте ние да градиме пријателство бидејќи  историјата не можеме да ја смениме, но можеме да ја смениме сегашноста и иднината, истакна Димитров.

Според него, клучно за соседна Бугарија е да не прифати кои сме бидејќи тоа многу ќе помогне во развивањето на пријателството.

– Ако ние кај што ни е најважно, кај што ни е најсвето сме чепкани и притискани со прст, многу тешко ќе биде да развиваме вистинско пријателство. Мора да се разбере  нашто право на самоопределување. Очекувањата се дека  нашите пријатели ќе го почитуваат изразот на нашето право на самоопределување  е многу базично. Ние бараме една  елементарна почит  да  ни го почитуваат достоинството, бидејќи ние имаме  заедничка историја.  Има и личности што заедно ги славиме, важни се за македонскиот народ, важни се за бугарскиот  народ. Ама сакаме да имаме и заедничка  европска иднина, изјави вицрепремиерот за европски прашања Никола Димитров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e