Димитров: Само заедништвото води кон силна Македонија, тоа мудро го согледале и Илинденците

Патриотизмот не е краток неконтролиран изблив на емоции, туку смирена и постојана посветеност во текот на целиот живот.” Адлај Е. Стивенсон.

“Патриотизмот е последното прибежиште на никаквецот,” вели Семуел Џонсон во 1775 година. Мисли на лажниот патриотизам, кога љубовта кон татковината се злоупотребува во други цели. Слично на магионичарот или на крадецот кој го привлекува погледот кон едната рака, додека прави трик или ги собира парите со другата.

Богатата партија, ако навистина решила да се грижи за сиромашната држава, треба да се посвети на правдата, одговорноста и на ослободувањето на заробените институции. Ќе треба да почнат од својот двор, таму се заробувачите. Македонија ќе биде унитарна и стабилна, бидејќи ќе се гради на темелите на заедничката жед за правда и пристоен живот што не познава етничка припадност.

Само заедништвото води кон силна Македонија, тоа мудро го согледале и Илинденците. На Македонија не и’ треба обединување на Македонците наспроти Албанците или обединување на Албанците наспроти Македонците. Тоа е антидржавна стратегија. Така ја немаме Македонија, ваква каква што е. Така губиме сите.

На Македонија и’ треба обединување околу закон за сите и еднакви шанси за сите. Само тој пат не’ носи напред. Конечно, патриоти немаше да се повикуваат на принципот победник со победник во етничка смисла, бидејќи тоа е федерален принцип, спротивен на Уставот, кој вели дека во Македонија суверенитетот им припаѓа на граѓаните. Истовремено, се потпира на мит дека за коалицијата на Груевски во која има едно чудо етнички партии гласале само етнички Македонци.

Фејсбук статус на Никола Димитров

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e