Димитриевски: Уште двајца починати од коронавирусот од Куманово

Уште две лица од Куманово починале од коронавирус, соопшти градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски вечерва при учеството во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма, споделувајќи најнова информација од Центарот за јавно здравје.

Тој повторно упати апел да се воведат уште порестриктивни мерки во Куманово и, како што рече, да се скратат бирократските постапки и да се даде шанса да делуваат општинските структури.

Во емисијата ги сподели и искуствата во справувањето со ширењето на вирусот и карантинот што беше спроведен во тек на викендот.

Како што соопшти на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче, во изминатите 24 часа се регистрирани 15 нови случаи на пациенти со коронавирус во земјава, односно четири во Скопје, осум во Куманово и по еден во Тетово, Струга и Штип, со што вкупниот број на дијагностицирани достигна 570.

На Инфективната клиника починаа тројца пациенти – 40-годишен жител на Кочани, без познати минати заболувања, примен на 29 март, и двајца тетовци – 69-годишен човек кој имал тумор на мозокот и 65-годишен без познати други минати заболувања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e