Димитриевски поткупува гласови, но и врши притисок и закани врз друг кандидат за градоначалник, тврдат кандидати на изборите

– Деновиве кружи аудио снимка од која кумановската и македонската јавност вчера слушнаа како кандидат за советник, директор на основно училиште и близок соработник на Максим Димитриевски прави зделки со кои купува гласови. Цената на еден глас изнесува 500 денари плус 500 денари за посредникот на зделката, рече Оливер Илиевски, кандидат за градоначалник.

На ТВ24 дебата помеѓу кандидатите за Градоначалник на Куманово, кандидатката Теодора Димитровска од ЛДП изјави дека луѓе на Димитриевски ја пресретнувале и и се јавувале со закани да престане со напади кон Димитриевски на јавните настапи.

– Ова е срамно, неодговорно и пред се незаконско дејствување на Максим Димитриевски и неговиот тим и е еднакво на режимското постапување во екот на режимот на ДПМНЕ.

Јавноста дознава за вистинското лице на Димитриевски, тој не е социјалдемократ, туку опортунист, вели Илиевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e