„Детектор“: Над 60% од граѓаните сметаат дека при креирање на државниот буџет, на прво место се става интересот на политичките партии

Кога станува збор за тоа како државата располага со парите собрани од даноци и други давачки, дури две третини од анкетираните се незадоволни и сметаат дека парите на граѓаните не се трошат правилно и наменски. Помалку од 10% се убедени во спротивното, покажуваат резултатите од анкетата на „Детектор“.

Над 60% од испитаните сметаат дека при креирање на државниот буџет, на прво место се става интересот на политичките партии.

Владината мерка за намалување на сивата економија и враќање на пари кај граѓаните преку поврат на ДДВ, според анкетата на Детектор не е многу актуелна. Дури две третини од анкетираните воопшто не скенираат фискални сметки, наспроти една третина кои што го прават тоа.

Анкетата по нарачка на Детектор телефонски ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје, а опфатени се околу 1100 испитаници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e