Дескоска: На вистинскиот пат сме кон решавање на статусот на СЈО, а тоа го препознава и ЕУ

Целокупните работи кои ги правевме околу СЈО се позитивно изнесени во извештајот на ЕУ. Добро е што Европската Унија нотира дека е направен прогрес и сметам дека сме на вистинскиот пат кон решавање на прашањето за Специјалното јавно обвинителство, изјави во емисијата Отворено на ТВ24 министерката за правда Рената Дескоска.

Дескоска рече и дека ова е комплексно прашање за кое треба и двотретинско мнозинство но дека оваа влада досега покажала дека успевала да дојде до потребното мнозинство за многу закони кои биле со европско знаменце и е убедена дека наскоро ќе се дојде до решение за СЈО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e