Дескоска: Доколку граѓаните сметаат дека се оштетени од некој судија треба да се обратат до Судскиот совет

Доколку граѓаните сметаат дека се оштетени од некој судија треба да се обратат до Судскиот совет. Судскиот Совет треба да го разгледа барањето и соодветно треба да одговори, изјави министерката Рената Дескоска во емисијата Отворено на 24ТВ.

Дескоска вели дека Судскиот Совет, сега според новото законско решение, може да да го разреши судијата кој со новиот закон би одговарал и кривично.

Доколку пак, вели Дескоска, неко граѓанин дознае дека некој судија побарал пари од некого, треба да го пријават во МВР а тие потоа би го гонеле кривично тој судија,

Министерката овој коментар го даде на прашањето од публиката до кога владата ќе дозволува судиите да се однесуваат така да граѓаните се оштетуваат и материјално и нематеријално. И премиерот Заев и министерката Дескоска, кажаа дека согласно Закон и Устав владата не може да се меша директно во судската власт но може, а тоа и го прави, преку законски измени да овозможи такви дејстија да не можат веќе да се прават.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e