Денеска сончево со умерена облачност и умерен северозападен ветер

Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Дневната температура ќе се движи од 17 до 24 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и ќе дува слаб северен ветер. Дневната температура ќе достигне до 19 степени.

Утре и в сабота ќе има зголемена облачност со услови за локален дожд во северните и североисточните делови од земјава. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието, а дневните температури ќе опаднат за неколку степени. Потоа во наредните денови времето ќе биде претежно стабилно со пониски утрински температури.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e